По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“, кои светнаа на крајот на минатата недела, синоќа беа ставени во функција и новите канделабри на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.
Поставувањето на нови канделабри и замената на старите дотраени столбови, продолжува и на другите улици кои се во фаза на реконструкција.
Со реализацијата на инфраструктурните проекти кои го решаваат и проблемот со уличното осветлување, се врши поставување на подземен довод за новите канделабри, што е од големо значење во поглед на безбедносниот и визуелниот аспект, при што висечките кабли стануваат минато.

Комплет ново осветлување на две улици во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп





