Неодамнешниoт настан одржан на Унивезритет “Св. Климент Охридски“ од Битола во рамки на проектот „Мојата успешна приказна“ што го реализира Центарот за кариера, алумни и доживотно учење е меѓу успешните активности со кои Универзитетот од Битола им помога на студентите во развивањето на знаења и вештини кои ќе им бидат потреби при вработувањето.
Во таа насока се одржа и онлајн средбата со Виктор Мизо, генерален менаџер на KOSTAL Охрид. Проектот „Мојата успешна приказна„ на УКЛО според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски „е во функција на промоција на студиските програми и воспоставување поинтензивна соработка со бизнис заедницата. Овие настани треба да им помогнат на студентите да го запознаатделовниот свет, да стекнат искуство уште за време на студирањето и да развиваат знаења и вештини за развој на кариерата по дипломирањето.
Проректорот Ѓуровски нагласи дека УКЛО создава услови за реализација на индивидуалните можности за усовршување своите студенти кои своето идно вработување може да го побараат во компаниите во земјата.
Покрај за личниот кариерен и професионален развој, Виктор Мизо за студентите на УКЛО ја претстави и компанијата што ја раководи, при што го потенцира значењето на студентската пракса како нужно дополнување на теоретските знаења и можност, тоа искуство да се имплементира во компаниите и ги презентира можностите студентите од УКЛО да се вклучат и да ги користат бенифитите од програмите како што се: Инженери на тренинг и Летна студиска програма во кои може да се пронајдат и да го аплицираат своето знаење и идно вработување.
Во рамки на презентацијата, Мизо истакна дека вклучувањето на млад инженериски кадар е влог во иднината на компанијата со којшто се прошируваат и подобруваат капацитетите од човечки ресурси. Во врска со „Инженери на тренинг„ тој објасни дека програмата опфаќа завршени инженери или оние што се при крај на студиите, или на кои им останала само дипломската работа. Станува збор за програма во траење од 12 месеци во која младите инженери во првите два месеци ротираат низ четири сектори: квалитет, производство, производствен инженеринг и логостика, за да видат кон кој сектор имаат најголем афинитет и што е најаплекативно за нив, по што избираат еден фокус оддел во кој работат 6 месеци и секундарен фокус оддел, во кој ќе поминат уште 3 месеци. На крај, по евалуацијата, добиваат соодветен ангажман според нивната желба и афинитети во компанијата. Во периодот од 12-те месеци во компанијата, младите инженери имаат ментор и со тоа и можност полесно да ги усоврешуваат инженерските знаења прилагодени кон потребите на компанијата.
Во врска со Летната програма, тој потсети дека идејата е таа да трае 9 недели, минатата година заради мерките од Ковид кризата Програмата е реализирана во траење од 5 недели и таа им помога на студентите да научат повеќе и воедно да осознаат како да го аплицираат знаењето во последните години од студиите.
Виктор Мизо потенцира дека за време на престојот во компанијата за студентите од двете програми, покрај платен ангажман, им се обезбедува и соодветно сместување и она, што според него е важно е дека како компанија ги одбираат најдобрите студенти од летната пракса. Имено, избираат пет најдобри студенти и им даваат стипендија за четвртата година од студиите и тоа истовремено значи понуда за работа, односно, по завршување на студиите студентите имаат обврска да се приклучат во тимот на компанијата Според Мизо,истовремено, студентите на овој начин имаат и можност во рамки на праксата за изработка на дипломската работа или било каков друг проект или проект потребен за време на студиите, и други практични активности, преку кои може да ги апплаицираат знаењето и едукацијата врз реални проблеми.
Инаку, Виктор Мизо е директор на една од најуспешните странски инвестиции кај нас, со над 650 вработени, која е дел од германскиот гигант и произведува автомобилска и индустриска електроника за најпознатите автомобилски брендови и денешното поврзување со студентите и акдемскиот кадар од УКЛО е само доополнително продолжување и продлабочување на воспоставената соработка.
По однос на настанот и претходно одржаниот успешен работен состанок со претставниците од KOSTAL и претставници од менаџментот на УКЛО, проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски истакна дека УКЛО и оваа реномирана компанија ја продлабочуваат успешната соработка и преку овие настани и други форми на презентација им се излегува во пресрет на студентите, да им „се отвори врата„ за студентска пракса и за нивно вклучување во практичните програмите што ги ниди Костел, што овозможува спој на теоријата и праксата. Проректорот Ѓуровски очекува мислење и од оваа компанијата и од други претставници од реалниот сектор за студиските програми на УКЛО, колку тие соодветствуваат за потребите на компаниите.
Проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски воедно потенцира дека „при реализација на намерата: одредени апликативни предлози за дипломски, магистерски и докторски трудови Универзигтетот и бизнис заедницата заедно си помогнат, и на тој начин се подобрува високото образование и се унапредува квалитативно работата на реалниот сектор со соодветен стручен и обучен кадар. Оттука, според проректорот Ѓуровски, со проектот „Мојата успешна приказна„ УКЛО е во функција на промоција на студиските програми и воспоставување поинтензивна соработка со бизнис заедницата, и со конкретниот настан УКЛО воспоставува поблиска соработка со овој значаен производствен капацитет со што на студентите им се дава можност својата иднина и кариера ја пронајдат во компанијата„.
Од УКЛО нагласуваат дека настот е еден во низата активности за поврзувањето на студентите и академскиот кадар од УКЛО со бизнис заедницата, бидејќи и клучната улога на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, познат под акронимот КРЕДО центар, е да им помогне на студентите на УКЛО во развивањето на знаења и вештини кои ќе им бидат потреби при вработувањето, преку можноста за практиканство во компаниите, да им помогне дво стекнување работно искуство за време на студирањето, да ги запознае со деловниот свет и да ги подготви студентите за успешна транзиција кон следното ниво на развој на кариерата по дипломирањето.






