Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: од понеделник нов времен сообраќаен режим на дел од “Илинденска“

Во понеделник, 19.04.2021 година, започнува реконструкцијата на уште една делница од улицата „Илинденска“, на потегот од поврзувањето на улица „Илинденска“ со улица „Димитар Влахов“, до поврзувањето на улицата „Илинденска“ со улица „Мукос“.

Поради градежните активности кои ќе се одвиваат во овој дел, сообраќајот на улицата ќе се одвива со променет режим, согласно сообраќајната сигнализација поставена на терен.