Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 17 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, недела, 18 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремени врнежи од дожд, а попладне моќен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.