Изминатите денови поизразена е појавата на континуирано одлагање на отпадот на несоодветни места од страна на мал дел крајно несовесни посетители. Отпадот се фрла од поединци на отворен простор, во непосредна близина на акумулацијата “Стрежево“, а вработените во ова претријатие излегоа на терен и имаа акција за собирање на отпадот.
-ЈП “Стрежево” – Битола како институција со дејности од јавен интерес, стои зад законито и принципиелно работење, и превзема во рамките на своите можности активности за отстранување на отпадот, на начин што е прифатлив, во подрачјето на свое делување. Апелираме граѓаните да бидат совесни во управувањето со отпадот на овие јавни површини, а со цел спречување на негативното влијание врз животната средина, животот и здравјето на луѓето. “Стрежево“ во соработка со надлежните општински институции ќе продолжи да се бори против загадувањето на животната средина. Тоа вклучува и санкционирање на загадувачите, без исклучок. Но, големо влијание има однесувањето на секој граѓанин, без чија љубов кон убава и чиста околина – се би било залудно, велат од “Стрежево“ и апелираат:






