Press "Enter" to skip to content

Дарко Илиевски: одиме во Струга по бодови, имаме позитивно искуство со стружани

Екипата на Пелистер по последната победа над Силекс во Битола полека се доближи до целта која ја поставија, а тоа е да се обезбеди опстанок во Првата лига.

Иако математички не се обезбедени, сепак “пелистерци“ на шест кола пред крајот се поракласирани, но во Струга со полна концетрација и како велат по бодови, а имаат причина за тоа бидејќи од шест можни освоија четири бода, а веруваат и во трет позитивен исход.

Дефанзивецот Дарко Илиески, пред натпреварот во Струга рече:

-За нас беше многу важно што се вративме од 0:2 и го совладавме Силекс. Покажавме дека сите досегашни резултати не се случајни. Одиме во Струга по позитивен резултат. Малку сме порастеретени и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. Стружани се одлична екипа има добри фудбалери и ретко губи на домашен терен. Мислам дека еднаш или двапати загубија дома сезонава. Се надевам на позитивен резултат. 

Пелистер во Струга ќе отпатува без капитенот Драгарски, кој има пет жолти картони.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »