Струга Трим Љум – Пелистер 3:0 (0:0)
Екипата на Пелистер од Битола е поразена на гостувањето во Струга, против Струга Трим Љум со 3:0, полувреме 0:0, во рамките на 28. коло, а според тоа што го видовме на теренот битолчани по доброто прво полувреме, промија гол по грешка на одбраната, а оштетени се од судијата за недосуден пенал кога се “кршеше“ резултатот.
Натпреварот во Струга започна со иницијатива за “пелистерци“ со шанса за гол на Илијоски, а потоа и шансата на Танушев, а без некои поголеми шанси на двете страни помина првото полувреме.
Во второто полувреме во 57. минута, екипата на Струга Трим Љум ја искористи неверојатната конфузија во одбраната на Пелистер, Скендери кој без никаква шанда за гол постигна гол од еден метар за 1:0. Спорен момент се случи во 59. минута, кога Гудиаби проби од десно и беше соборен во шеснаесетникот, но не доби пенал, а тоа ќе значеше и нов тек на натпреварот. По прекин во 80. минута топката дојде до осамениот Марјан Алтипармаковски кој ефектно погоди за 2:0. Во 85. минута од енал беше постигнат третиот го за домаќинот.








