Работнички – Пелистер 4:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер во 29 коло се поразени од домаќинот Работнички на Арената “Филип Втори“ во Скопје, со висок резултат 4:0 и остануваат на претпоследното место на табелата со идентичен број на бодови 25, колку и последнопласираната екипа на Скопје, со тоа што екипата на Пелистер го има пред себе одложениот натпревар против екипата на Шкупи.
Работнички предводен од Ѓоре Јовановски на клупата, ја имаа иницијативата но “пелистерци“ во првиот дел не дозволија тие да постигнат гол.
Второто полувреме продолжи со иницијативата на домаќинот, но во 56. минута Виктор Ангелов го постигна првиот гол за Работнички. Во 64. минута со вториот гол Работнички беше одлучен победникот во оваа средба, продолжението само го потвдри тоа, а само по пет-шест минути домашните стигнаа до конечните 4:0.
На Пелистер му престојат тешки завршни натпревари од оваа сезона за да го зачува прволигашкиот статус и да не се пресели во понизок ранг на натпревари.