Press "Enter" to skip to content

Топ гол со победа од 12:0 против Кочани

Топ Гол – Кочани 12:0 (9:0)

Во Битола, на Ќумурното игралиште, женската фудбалска екипа на Топ гол забележа убедлива и висока победа над “фенерџијата“, екипата на  Кочани во рамките на 22 коло.

Во крајно фер и коректен натпревар со целосна доманиција на Топ гол, со конечен резултат од 12:0 полувреме 9:0, битолчанки прокнижија нови 3 бода на своето бодовно салдо и се искачија место погоре на таблата. 

-Ова е рутинска победа која ни придонесе за бодовно салдо и повисок пласман. Им се даде шанса и на помладите фудбалерки да стекнат искуство и самодоверба. Сега мислите ни се насочени кон дербито во среда со СРЦ Истатов, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За битолчанки настапија: Павлоска, Трајчевска, Ковачевска, Гоцевска, Јанкоска, Талевска, Гелевска, Бумбаровска, Стојковска, Т. Јанковска и Најдовска уште играа Ѓоргијева, Татиќ, Крстевска, Љондевска и Стојковска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »