На 17.04.2021 во 18,30 часот Г.П.Д. (36) од Битола пријавил дека истиот ден околу 16,30 часот во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат. Се работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден, 17 април, Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои возат со брзина поголема од максимално дозволената, при што превземени се 79 мерки, од кои 36 на битолското подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.






