Бутел – Пелистер 22:31 (8:15)
Ракометарите на Пелистер по дводневната куп пресметка од четврт финалето во Скопје, од ракометниот куп, со две победи обезбедија пласман во завршницата од Купот, а пред нив пласман обезбедија екипите на Металург и Еурофарм Работник, а се очекува и уште формалноста за Вардар.
Иако имаше најави од екипите на Охрид и Бутел дека ќе атакуваат на Пелистер и ќе ја помината четвртфиналната група 3, тоа не се случи, “пелистерци“ рутински стигнаа до завршницата.
Победата и пласманот беа најавени уште на стартот на натпреварот кога Пелистер направи предност 0:3, 6;9, за по серија од пет гола на полувреме “пелистерци“ отидоа со + 7 (8:15). Во овој перид бележиме добри одбрани на голманот Рајчиќ, кој полека се враќа во форма по повредата.
Вториот дел не донесе ништо ново за екипата на Бутел, а Пелистер лесно стигна до победата до конечни 22:31.
Најдобри стрелци кај Пелистер беа Орјоникидзе со шест голови, како и Маџовски, Чантурија и Јагуриновски, кои дадоа по четири.