Пролет – Еурофарм Пелистер 21:36 (12:20)
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, на гостувањето во Скопје против Пролет обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија, ги победија домаќините со 15 гола разлика, 21:36, полувреме , во натпревар во кој целосно ги надиграа домаќините.
Домашните ракометари парираа само на почетокот, а се ираше резултатски израмнето до 9:10, а потоа “пелистерци“ направи серија од четири гола во низа за 10:13. Во продолженитоа Пролет немаше одговор на цврстата одбрана, а како резултат на тоа направија и многу грешки, а гостите казнуваа. Предноста во корист на Еурофарм Пелистер се зголемуваше, а на крај од првиот дел, кога гостинската екипа направи +8, 12:20.
Вториот дел започна со два гола на Пролет, но тоа беше се што направија домаќините. Бабиќ направи неколку промени и им овозможи на некои од резервистите да учествуваат во победата. До крајот “пелистерци“ рутински обезбедија место во полуфиналната фаза од Купот.
Кај Еурофарм Пелистер Кукуловски постигна осум, а Мараш седум гола.
Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се игра од 14 до 16 мај, а покрај Еурофарм Пелистер се пласираа Вардар, Бутел и Металург.








