Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со сериозен отпор против лидерот во првото полувреме

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 26:33 (16:15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Ј. Талевски 2, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски 1, Петровиќ 6, Андонов, И. Димитровски, С. Талевски 1, Стоилевски 2, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 4, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 2/1, Исклучувања: 10 минути

Вардар: Ристовски, Кантагрел, Јагуриновски, Стоилов 6, Георгиевски 7, Карапалевски, Јотиќ 2, Калараш, Гаџа 2, Чупиќ 5, Талевски 1, Дибиров 8, Векиќ, Атанасовски 1, Мишевски 1
Седмерци: 4/3, Исклучувања: 4 минути

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на 8. коло од плеј-офот во Супер ракометната лига во Битола е поразен од лидерот во плеј-офот, Вардар 1961, на кој му е осма победа, со резултат 26:33, полувреме 16:15.

Битолчани започнаа добро на старот на натпреварот, Ивановски со неколку одбрани и добра одбраната и се играше израмнето и гол за гол. Еурофарм Пелистер 2 во 18. минута имаше и гол предност, а и на одмор заминаа со 16:15.

Во вториот дел Вардар со одлична одбрана и лесни голови од контри дојде до +3, 18:21, а во 43. минута беше +7. Домаќинот се доближи до -4, но натпреварот заврши со резулта 26:33.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Петровиќ и Павле Атанасијевиќ со по шест и Дрогришки со четири гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »