Екипата на Пелистер денес во 13 часот, под Тумбекафе во Битола, ја пречекува екипата на Ренова, во натпревар во кој со победа и три бода го обезбедува опстанокот во првата лига, што и беше цел на тимот кога Димитар Капинковски го презеде. Како екипата го пречекува натпреварот, тренерот на Пелистер, Капинковски вели:
-Има уште пет кола до крајот и доста директни дуели, каде бодовите се неопходно за двете екипи. Ренова е доста квалитетна екипа, и требаат бодовите и доаѓа во Битола по победа. И нам ни требаат бодовите и се надевам на добра игра, максимален ангажман и ако ја сакаме победата ќе ги оствариме целите зацртани од почетокот на сезоната. Сите екипи се квалитетни и нема некоја голема разлика. Секој може да одигра против секого и може да однесе бодови. Во тој контекст го гледам ова првенство и секој натпревар ќе биде неизвесен. Ако се вложиме максимално и ги исполниме зацртаните задачи ќе стигнеме до целта.








