Press "Enter" to skip to content

Со гол на Гудиаби и одбранет пенал на Талески, Пелистер во Битола ја совлада Ренова (фотогалерија)

Пелистер – Ренова 1:0 (1:0)

Со цврста и борбена игра на тимот на Пелистер, под Тумбекафе во Битола, предводена од Димитар Капинковски ја совлада екипата на Ренова минимално, но сосема заслужено, а натпреварот помина до знак на голот на Гудиаби и одбраната на пеналот на Талески, а потоа и зицеот по него. Со оваа победа екипата на Пелистер освои три бода, иако Капинковски имаше проблеми во составувањето на тимот  без Танушев, Спиркоски и Николовски.Иницијативата ја имаа гостите, а ударите од далечина Талевски добро интеревенираше на ударите. Во 28. минута Омар Гудиаби, Сенегалецот како брзо воз ја мина одбраната на Ренова и со пласирана топка со левата нога го матира Велии за 1:0. Во првото полувреме негирање имаше од двете екипи кои бараат пенали.И вториот дел во Битола започна со блага иницијатива на гостинските фудбалери. Во 58. минута по една игра со рака во шеснаестикот на Пелистер судијата досуди пенал, а ударот на Јашароски, Талески го одбрани, а на одбиената топката налета Мишковски, но ниту тој не го совлада домашниот голман, кој со нова бравурозна интервенција го спаси својот гол. До крајот на натпреварот Пелистер одлично се одбрани и заслужено ги освои три важни бодови против директниот конкурент за опстанок во лигата.Со 38 бода битолчани го обезбедија опстанокот што и беше цел на екипата на стартот на пролетниот дел.

[ngg src=”galleries” ids=”696″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »