Press "Enter" to skip to content

Младинско финале во одбојка, Фит Фан први, Пелистер вицешампион (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 2:0 (25:21, 25:16)

Во спортската сала на Средното медицинско училиште се одржа завршницата од младинската лига во која екипата на Пелистер беше поразена од екипата на Фит Фан со 2:0 по сетови, а битолските млади одбојкарки го постигнаа најголемиот успех на битолската младинска одбојка. 

По завршувањето на финалето на мала свеченост беа доделени пехарите и медалите на победниците, втотопласираната екипа и третопласираната, како и медалите за најдобрите млади ракометарки на овој турнир. Пехарот и медалите на победникот на овој Ф4, екипата на Фит Фан им ги додели претставникот на Советот на Општина Битола, советникот и координатор на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски, а на второпласираната екипа претседателот на комисијата за спорт при Советот, Борче Корлевски.Битола за прв пат во својата историја има сребрена генерација на младинки, а за патот до ова финале тренерот Роберт Митковски вели:

-Пелистер Волеј е единствената непоразена екипа, сè до самото финале, без пораз во групите, во 1/8 Финале, во двата 1/4 Финални натпревари, а 1/2 финале добиено со максимални 2:0. Единствениот пораз за оваа екипа во оваа сезона е токму ова финале, во кое не го дадовме својот максимум. Секако ова е голем успех за генерацијата која како кадетки беше исто така сребрена во сезоната 2015/2016 токму овде во Битола. Прераснуваме во клуб, за кого како да стана најнормална работа да се натпреварува за највисоки пласмани, а со голем елан влегуваме во секоја нова спортска битка. 

Покрај младинките кои ги загубија финалето и се вишешампионски на Македонијаи останатите екипи на Пелистер волеј се во битка за медали. Митковски за престојните завршници во одбојкарските лиге вели:

Нашите најмлади, пионерките, се на прагот на сензација зошто по првото 1/4 финале имаме предност од 3:0 со победа на гостински терен, па така со само еден сет во Битола и со оваа категорија ќе избориме учество и ќе бидиме дел од Ф4 турнирот за сезоната 2017/2018. Иако поразени во првото 1/4 финале и кадетките сејште имаат можност за пласман меѓу најдобрите 4 за оваа сезона. Па така, како ретко кој друг клуб, ако не и единствен во Битола, а веруваме и во државата, имаме реална можност за учество на најмалку уште една екипа на завршните турнири, а можеби и во сите можни категории. 

Овој успех на Пелистер волеј е поголем успех и заради фактот што буквално сите играчи, потекнуваат од школа на одбојкарскиот клуб Пелистер.

Екипата на Пелистер волеј одлилно ги организираше финалните натпревари, а како добри домаќини  ја оправдаа дадената доверба од страна на Одбојкарската федерација на Македонија. За атмосферата во салата Митковски додава:-Фантастична атмосфера, натпревар во кој судиското свирче тешко кој можеше да го чуе. Советите на тајм-аутите мораше да се делат од петни жили, зошто во салата беше вистински пекол. Безброј знамиња, транспаренти, бројни тапани, десетици труби и вувузели, стотици зелено бели балони, допринесоа салата да грми од почеток до крај како никогаш до сега. Натпревар кој потсетува на моќно дерби од некоја италијанска лига, а навивање и публика каква секој клуб може само да посака дури и да сонува, или со еден збор кажано, неверојатно моќно.

Текст и фото: С. Ристевски