Екипата на Металург ќе биде домаќин на годинашната завршница од Купот на Македонија во ракомет, а полуфиналињата и финалето ќе се играат Автокоманда, а ќе се играат машкиот и женскиот куп. Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе биде дел од завршницата на Купот, а се очекува битолчани да се борат за големиот пехар против скопски Вардар.
Натпреварите од ова натпреварување добија нов термин, а полуфиналните дуели во машка конкуренција ќе се играат на 13 мај, додека пак финалето е закажано за два дена подоцна, 15 мај.
13 мај, полуфинале:
16:30 часот: Металург – Вардар 1961
19:00 часот: Бутел – РК Еурофарм Пелистер
15 мај,
17:30 часот: финале








