Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: нефролитијаза – камчиња во бубрезите

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за нефролитијаза- камчиња во бубрезите, за што вели:-Нефролитијаза претставува поликристален агрегат настанат поради зголемена концентрација да дадени кристали во урината и една од најчестите болести. Етиолошки значајна улога има генетичката предиспозиција но и внесот на течност во организмот, дијарејата, повраќањето, хипомагнезинемијата, хиперурикемијата, хиперурикизуријатата,квалитетот и тврдоста на водата за пиење итн.

Според хемискиот состав постојат повеќе видови на камења на бубрезите итоа од калциум пирофосфат, калциум оксалат, уратни и цистински итн.     Клиничката презентација на камења во уринарниот тракт е со типичната ренална колика- силна болка во лумбалната регија и ирадијација кон ингвиналната област, со тапи болки при движење, со чести позиви за мокрење, намален млаз и количина на урина, асимптоматски па се до обструкција на уретерите или уретрата и развивање на компликации хидронефроза и инфекции на мочните патишта.

Дијагностички најчесто се применува ултрасонографијата (ЕХО) на уринарен тракт со која се докажува постоењето на камења и кристали во бубрезите и бешиката, при постоење на калкулуси во уретерите често е неопходно и примена на интравенска урографија. Лекувањето е од медикаментозно, зголемен внес на течности па се до хирушко отстранување на камењата и нивно кршење со литотрипсија.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

More from СоветиMore posts in Совети »