Кристиан Стојани, член на Атлетскиот Клуб Олимп од Битола, на маратонот во Варна, кој опфаќа трки во три дисциплини, на трката на 10.5 км успеа во силна конкуренција да се пробие во наградениот пласман и да го освои 6-тото место со време 37:51.
Патеката, според Кристиан не беше идеална за личен рекорд , беше со елевации, но тој настапи на трката тактички со борба за пласман до самиот крај на трката.
Земајќи го во предвид фактот што пред 2 месеци Кристиан беше позитивен на Covid-19, што реално направи прекин во неговите дневни рутини на тренинзи, ова е супер знак дека добро ја враќа формата и во оваа сезона очекуваме блескави резултати.









