РК Еурофарм Пелистер од Битола го поддржа пелистерскиот маратон во планинско трчање Два спортски бренда од Битола се соединија во промоција на меѓусебните манифестации.
Неколку ракометари на Еурофарм Пелистер денес присуствуваа на официјалната промоција и снимањето на видео спот за првиот маратон во планинско трчање (Pelister Unique Trail Marathon).
Чаневски, Мараш, Костески, Мандалиниќ, Периќ, Иван Димитровски и Граџан се дружеа со организаторите на натпреварувањето, директорот на трката Ненад Лазиќ, поранешниот ракометар Златко Димитровски и останатите членови на клубот ПУТМ.
Тие учествуваат во снимање на видео спот во кој ги повикаа сите професионалци и рекреативци да земат учество на маратонот кој е предвиден на 21 и 22 август.
Во импровизиран ракометен натпревар на падините на скијачката патека на Ниже Поле, ракометарите се покажаа како вистински професионалци и пред фото-објективот и пред камерите.
Тие ветија дека ќе го промовираат настанот и во следните месеци, а маратонците наскоро ќе ги бодрат и на трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со поддршка за маратон во планинско трчање на Пелистер (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- ЈКП “Водовод“ – Битола: реконструкција на водоводната мрежа – улица “Христо Ботев“
- СВР Битола: опожарено “поло“, прилепчанец нападнат на “Прилепска“
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Градоначалникот Коњановски во посета на Будва
More from СпортMore posts in Спорт »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала








