Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, по поразот од Вардар во првенството со нетрпение во Скопје, го очекуваат новото соочување, како и што сите очекуваат, во финалето од Купот, но, двете екипи прво треба да се одработат полуфиналните обрвски, против Бутел и Металург.
Капитенот на пелистерци, Градимир Чанески, пред финалните натпревари, првиот против Бутел, денес попладне, вели:
-Имаме време да се подготвиме и ќе треба да ги одработиме двата натпревари доста сериозно. Благи фаворити сме против Бутел, но се стремиме кон финалето, да одиграме максимално и да го донесеме пехарот во Битола. Се надеваме дека ги научивме поуките од поразот од Вардар 1961 во шампионатот. Тоа треба да го покажеме на терен. Кога сте комплетни е многу поразлично и ротацијата е подобра. Сите ќе го дадат максимумот за титулата да дојде во нашите витрини.
Хрватскиот интернационалец, член на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, првпат ќе игра на завршниот турнир, а за престојниот “Ф4“ вели:
-Сите екипи во Купот имаат свои шанси. Првиот натпревар е Бутел и се подгтуваме за тој натпревар, па потоа ќе видиме што ќе биде. Секако дека гледаме шанса во Купот, квалитетна екипа сме, добро работиме и се подготвуваме и ќе видиме што ќе донесе „фајнал-фор“ турнирот. Сите клубови имаа проблеми со ковид-19, нè стигнаа и повреди и не бевме комплетни баш кога требаше да бидеме вистински. Многу се радувам што сме комплетни и тренираме цела екипа. Добро ќе се спремиме и ќе бидеме силен конкурент на сите ривали и во шампионатот и во Купот. Верувам дека со ангажманот и квалитетот ќе покажеме каков квалитет имаме“, заврши хрватскиот бек.
Минатата сезона не се одигра завршницата на Купот на Македонија заради пандемијата од ковид-19, а во 2019 година Металург се радуваше на турнирот во Куманово.









