Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола го победи Вардар со +4, но малку за разликата од -8 во Скопје (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 29:25 (13:12) 

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов 

Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Кушан 4, Стјепановиќ 2, Радовиќ 7, Танкоски 3, Периќ 7, Костески 1, Чаневски, Кукоски 1, Петровски, Велковски 1, Ѓукиќ
Седмерци: 4/3 Исклучувања: 4 минути

Вардар 1961: Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ 2, Валчак, Јагуриновски, Стоилов 1, Георгиевски 5, Карапалевски, Дисингер 3, Јотиќ 3, Калараш, Чупиќ 5, Талески, Дибиров 6, Векиќ, Мишевски
Седмерци: 4/3 Исклучувања: 10 минутиЕкипата на Еурофарм Пелистер во третиот меѓусебен натпревар оваа сезона во Битола, на свој терен ја победи екипата на Вардар, со 4 гола разлика, но недоволно за -8 од Скопје во првиот натпревар од плеј-офот. Еурофарм Пелистер без тројца првотимци Мандалиниќ, Мараш и Граџан победи, но по се изгледа титулата ќе остане во Скопје, бидејќи тешко е некаде да “кикснат“ вардарци.Еурофарм Пелистер поведе со 2:0, а следуваше израмнување 2:2, а по одбраните на Хендави и добрата игра на Периќ, се врати водството на 7:5. Еурофарм Пелистер во 22. минута за првпат поведе со три гола разлика 10:7 и на полувреме заминаа со +1 за битолчани 13:12.

Вардарци во 33. минута, за првпат поведоа 13:14, а потоа и на 15:18. “Пелистерци“ направија серија од  7:0 за водството од 22:18. Пелистер во 50. минута се одлепи на пет гола, 24:19, потоа завршија на 29:25, малку да се стигне до +8.Радовиќ и Периќ кај Еурофарм Пелистер постигнаа по 7 гола, а  Хендави забележа 17 одбрани.

[ngg src=”galleries” ids=”719″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″] 

More from СпортMore posts in Спорт »