Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи и веднаш се издвои со висока професоналност на услугите и љубезен персонал.
Тука во интернистичката ординација покрај 12 канално најсовремено ЕКГ, потоа ЕХО апарат со 3 сонди за линерано, абдоминално и кардиолошко испитување на соодветните органи, единствено во Битола ќе добиете преглед со ABPM (Artery Blood Pressure monitoring) холтер за 24 часовно мониторирање на крвниот притисок
-Оваа приватна ординација е единствена која располага со апарат т.н. Холтер за 24 часовнмо мониторирање на крвноот притисок. Крвниот притисок е болест на современиот човек и оние кои се соочуваат со поблем на висок крвен притисок знаат дека и во текот на денот се променува независно од терапијата која ја земаат. Пациенти со овие проблеми можат да направат мониторинг и врз основа на него да добијат соодветна терапија и кога да ја примаат, вели д-р Чипуровски, и дава многу опсежно објаснување на овој апарат.–Холтерот AVMP artery blood pressure monitoring е софистициран апарат со кој располагаме и со помош на кој се мониторираат промени во вредностите на крвниот притисок кои се прикажуваат и како гафички приказ со цел да се одреди во кој дел од деноноќието има најкритични вредности на крвниот притисок по здравјето кај секој индивидуален пациент. Целта од мониторингот на крвниот притисок е давање на соодветна индивидуална антихипертензивна терапија во соодветен термин од денот согласно направеното ABMP мониторирање се со цел спречување на акутни последици како што се акутен инфаркт на миокардот, мозочен удар и мозочни крво изливи, вели д-р Чипуровски
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.