Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Пролет во Скопје

Пролет – Еурофарм Пелистер 21:25 (12:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола забележа победа во Скопје, против екипата на Пролет со +4, резултат 21:25. 

Еурофарм Пелистер во Скопје играше изедначен натпревар, гол за гол и двете екипи имаа предност, за на пауза да се отиде со 12:14.

Вториот дел продолжи во ист ритам, се до 45. минута, кога Еурофарм Пелистер започна да прави сигурна позитива за победа, при резултат 18:19. Со серија на Периќ и Ојлевски дојдоа до 18:22 за мирна завршница. Разликата од четири гола се одржуваше до крајот за 21:25.

Најефикаен кај Еурофарм Пелистер беше Јосип Периќ со 9 гола, пред Мирко Радовиќ со 5 гола.

Еурофарм Пелистер е на врвот на табелата со Вардар, но поради повисок пораз во меѓусебните пресметки е на второ место.

More from СпортMore posts in Спорт »