Press "Enter" to skip to content

Младинскиот погон на Пелистер Волеј во три “Ф4“, и кадетските ќе се борат за медал

Бами Кор – Пелистер Волеј 1:3

(19:25; 43:41; 21:25; 22:25)

Спортска Битола треба да биде горда на младинскиот погон на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, бидејќи трите екипи се пласираа во “Ф4“ во борбата за медал. По поинерките, вчера младинските, денес и кадетските со победа во Тетово се во завршницата во “Ф4“ и веќе од идната недела ќе се борат за насловот шампион на Македонија, за да донесат пехари во Битола.

Во денешниот натпревар кадетките победија против Бами Кор со 1:3, а за победата и пласманот за борба за од Пелистер Волеј велат: 

-Имавме неверојатен натпревар, само 24 часа по големата победа на младинките. Во првиот сет за момент помисливме дека ова ќе биди лесена препрека, но во вториот сет домаќините покажаа дека не сме во право. Сет во кој губевме 12:21 и 20:24 но, стигнавме до изедначување 24:24, а потоа драма. Се одигра сет во друга димензија во кој постигнавме рекорд од дури 84 одиграни поени кој траеше речиси еден час, ни кој за жал го загубивме со 43:41. Тоа дополнително ги изедначи двете екипи кои денес беа на високо ниво и единствена штета е што немаше публика да ужива во оваа драма. Ни третиот ни четвртиот сет не поминаа без борба и неизвесност. Но на крајот со 25:21 во третиот и 25:22 во четвртиот сет, Пелистер е патник во последниот Ф4 за оваа сезона и додаваат:

–Ако до пред една недела не знаевме дали воопшто ќе бидиме меѓу најдобрите осум, кога речиси сите не отпишаа, оваа генерација удри печат со кој ја завери првата сезона во која сите екипи на Пелистер се во самата завршница. Девојки честитки, покажавте како се брани зелено-белата света боја на Пелистер и како се гини за честа на својот град.

Денес поените ги освоија: Ева Трпеновска 25, Стефани Најдановска 18, Меланија Каралиоска 6, Ивана Василевска 4, Михаела Цветановска 3, Анастасија Ристевска 3 и Сандра Дамчева 2.

More from СпортMore posts in Спорт »