Екипата на Пелистер од Битола се одлучи во пресрет на полуфиналната серија од плеј-офот на шампионатот да назначи нов тренер, а тоа ќе биде српскиот тренер Небојша Видиќ, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната, откако заради здравствени проблеми, како последица на прележаниот ковид-19, Марјан Илиевски не беше во Битола повеќе од месец.
Синоќа Пелистер пресече и доведе нов тренер пред полуфиналната серија против МЗТ СКопје, кој почнува в среда.
За нов тренер е назначен Небојша Видиќ изминативе две сезони работеше како помошник во рускиот прволигаш Нижњи Новгород, а претходно освои шампионската титула со бугарскиот клуб Балкан од Ботевград, а српскиот тренер ќе дебитира в среда во првиот полуфинален натпревар.
Српскиот тренер веќе го одржа и првиот тренинг во салата „Боро Чурлевски“ и се запознава со тимот и клупската управа.









