Десното крило, црногорскиот интернационалец Мирко Радовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, потпиша нов едногодишен договор со клубот од Битола, а во соопштението на клубот се вели:
-РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за нов договор со ракометарот Мирко Радовиќ. Десното крило на црногорската репрезентација и во сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на битолскиот суперлигаш. Обновувањето на договорот на една сезона доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела.
Со својата игра и борбеноста која ја покажива на теренот во Битола, Радовиќ е миленик на навивачите, а ова лето му завршуваше договорот со Еурофарм Пелистер.
Радовиќ, кој има 30 години, веќе три сезони е во Битола, а претходно играше за Будуќност Подгорица и Ловќен, настапувал и во Унгарија и Франција, а има и 51 настапи за црногорската репрезентација.









