МЗТ Скопје – Пелистер 89:78
Кошаркарите на Пелистер од Битола, не успеаја вечерва да победат во Скопје и со тоа да се изборат за “мајсторка“ во Битола. Поразени се од МЗТ и во вториот натпревар со 89:78, и со вкупен резултат 2:0 за “металците“ во рок од 48 часа, а претходно во средата беа поразени во Битола.
Уште во првата четвртина од натпреварот, домаќинот направи разлика од +10, 25:15, а првиот кавртал заврши со 25:18. Во втората четвртина, “пелистерци“ заиграа подобро и дојдоа -2, 39:41, а на полувреме резултатот беше 48:43.
Во третиот дел, во два наврати, гостите од Битола одново дојдоа на -2, прво имаа 50:52, нешто потоа и 56:58. Потоа МЗТ се врати на +10 за на крај на третата четвртина да биде 70:62.
По пет минути игра во последната четвртина резултатот беше 80:69, а потоа и конечни 89:78.
Најефикасен играч на средбата беше Бобан Стајиќ од Пелистер со 30 поени, а имаше и шест асистенции.
Фото: КФМ









