Пелистер Волеј – ЈВ Кисела Вода 0:3
(20:25; 12:25; 19:25)
Пионерската екипа на Пелистер Волеј од Битола денес во спортката сала “Парк“ во Струмица во рамките на “Ф4“ го забележе првиот и единствен пораз, со кој за жал се поразени во финалето со 0:3 од екипата на ЈВ Кисела Вода, и се вице шампиони во оваа сезона.
За поразот во финалето од Пелистет Волеј истакнуваат дека загубиле достоинствено во големото финале, што е единствен пораз за оваа сезона.
–Нема за што да жалиме, напротив горди сме што стигнавме до финале со состав со кој до сега сме играле само еден натпревар. Честитки за нашите девојки, а им честитаме и на останатите екипи за постигнатиот успех, истакнуваат од Пелистер Волеј.









