Викендов, над 150 натпреварувачи земаа учество на Националното првенство за младинци во атлетика кое се одржа на националната арена „Тодор Проески“. Членовите на Атлетскиот клуб Олимп од Битола со одлични резултати:
-Изабела Насковска 1 место 1.500м 5.37
-Христијан Котевски 2 место 400м 52.60
-Наталија Чона 2 место 100м 13.44 3 место 200м 27.75
-Зад нас е еден одличен викенд во Скопје, во кој нашите Наталија, Изабела и Христијан се враќаат со вкупно 4 медали и пласмани на врвот на Државно првенство во атлетика за младинци. Она што воодушевува е што овие резултати се резултат на нецела година тренинзи, што само најавува блескава иднина за овие атлетичари, а и за нашиот клуб, истакна Демир Даутовски тренер на Олимп.
Ова дава мотив да се работи посветено со овој спорт по кој Битола децении наназад беше позната, а сега да се стреми кон промовирање на нови генерации на се подобри атлетичари.
Во моментот уписите за нови членови во Олимп се во тек, што е убав повик до сите заинтересирани да станат членови на овој трофеен клуб.









