Денес Федерација на училишен спорт на Македонија додели опрема и сертификати за активностите кои се реализираа по повод Училишната спортска недела и предизвикот Спорт за сите.
Во физичките активности кои ги спроведоа наставниците и професорите од основните и средните училишта имаше разни спортски активности, како планинарење, велосипедизам, вежби за отстранување деформитети, вежби за врвен професионален спорт од страна на училишните клубови од зона Битола.
-Тешка учебна година за учениците и наставниците по физичко воспитување со оглед на тоа дека цела настава се одржуваше “он-лајн“, но ете професорите најдоа начин по донесувањето на протоколите за одржување на часови по физичко да се организираат часовите да бидат во природа. Па така и сите ние ја организиравме училишната спортска недела и заедно со учениците од сите класови во основно и средно образование го прифативме предизвикот “Спорт за сите“. Сертификатите кои ги добија професорите и опремата која ја добија за училиштата е вреднување на нивната работа во вакви услови, но и надеж дека опремата во идната школска година ќе ја користиме во редовни часови, сите заедно во спортските игралишта во спортските сали и училишнте дворови, вели Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт во Битола.









