Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 имаа +2 на полувреме, но минимално се поразени од Бутел

Бутел – Еурофарм Пелистер 29:28 (13:15)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола направи голем успех оваа сезона со тоа што во регуларниот дел на сезоната избори пласман во плеј-офот, а младите момци на Александар Јовиќ одиграа повеќе од одлична сезона во македонската ракометна елита.

Во последното коло ракометарите од Битола се поразени од екипата на Бутел на гостувањето во Скопје,  со минимални 29:28, иако на полувреме имаа +2 (13:15).

Дуелот започна со подобра игра на домаќините, но битолчани експресно возвратија и ја презедоа контролата врз натпреварот. На полувреме се замина со позитива на гостите од три гола (13-15).

Бутел одлично го отвори вториот дел и најави дека нема така лесно да се предаде.  Израмнето и неизвесно се играше до самиот крај, откако во последната минута најпрво Бутел погоди за водство, додека Пелистер 2 не го реализира својот напад и скопскиот тим забележа минимална победа од 29:28.

Кај битолчани Павле Атанасијевиќ постигна десет гола, а Петровиќ седум.

More from СпортMore posts in Спорт »