Press "Enter" to skip to content

По 5 години во Еурофарм Пелистер, капитенот Чаневски заминува од Битола

Врамениот голмански дрес, како потсетување на 5 години поминати во Битола на Чаневски во име клубот, навивачите и ракометна Битола, му го врачи директорот на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски.

Вечерва, со одигрувањето на последното 14. коло на плеј-офот заврши ракометниот шампионат многу ракометари ги одиграа последните натпревари за своите клубови и веќе од утре може да размислуваат за својата нова иднина, а еден од нив е капитенот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски.

Еурофарм Пелистер вечерва пред последниот натпревар му посака многу ракометни успеси на 33-годишниот капитен Градимир Чаневски, кој е слободен играч и идната сезона ќе биде во нова ракометна средина.

Инаку, Чаневски беше еден од првите кои го прифати предизвикот наречен Еурофарм Работник и во 2016 година пристигна во Битола. Во последната сезона беше капитен на екипата и освои многу симпатии меѓу љубителите на ракометот.

Чаневски по одличните голмански партии во Битола и на гостувањето на клубот има  понуди,  секако од странство, но и од скопски Металург.

More from СпортMore posts in Спорт »