КК Пелистер од Битола ја информира јавноста дека кошаркарската сезона 2020/21 официјално заврши, а клубот со пласманот во полуфиналето на плеј-офот оствари забележителен резултат.
Но, додека кошаркарите се на заслужен одмор, клупската управа во Битола веќе започна да работи околу создавање на компетитивен тим за сезоната 2021/22. Проектот во Битола и во иднина ќе се “врти“ околу тренерот Марјан Илиевски, кој многу му недостигаше на тимот во претходните два месеци заради здравствени проблеми. Сепак, го очекуваме неговото враќање и конструкцијата на тимот за следното првенство.
Клубот наскоро ќе ги објави плановите за подготовки за новата сезона, а потоа и деталите околу играчкиот кадар за следната сезона.









