13. по ред природно или вештачко езеро, го запиша во своето си-ви лекарот по спортска медицина од Кавадарци, 55 годишниот Бошко Илиев, а 13. по ред е Стрежевското езеро во близина на Битола, со кое стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола, кое го преплива 2 и пол часа, а исплива 7 киломатри, мал маратон. Инаку на Илиев ова му е 93 маратон.
-Уште еден наш езерски бисер, Стрежевското езеро, го препливав како соло маратон 7 километри, како увертира на овогодишната пливачка агенда. Ова е мој 93. маратон за овие 20 години, 22. мој настап во Македонија и 13. испливано наше езеро, како дел од мојата замисла, препливување на сите наши природни и вештачки езера, вели Илиев, кој за мотивот да го преплива вештачкото езеро додаде:
-Мотивот е едноставен, пливачко-спортска и туристичка афирмација на нашиот езерски потенцијал и поттик за младите да пливаат и спортуваат, да се дружат и радуваат на животот подалеку од пороците, а почитувајќи се меѓу себе и почитувајќи ги нашите природни богатства да се градат и изградат во здрави и позитивни личности. Искрено се надевам дека како и секогаш, испратив добра порака до сите.
Како и на многу пливачки маратони и на овој во кајчето како придружба беше познатиот битолкси пливач и тренер, Кире Марков, кој се надева дека ќе следуваат и други маратони на Стрежевското езеро.

Лекарот Бошко Илиев го преплива Стрежевското Езеро
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- ЈКП “Водовод“ – Битола: реконструкција на водоводната мрежа – улица “Христо Ботев“
- СВР Битола: опожарено “поло“, прилепчанец нападнат на “Прилепска“
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Градоначалникот Коњановски во посета на Будва
More from СпортMore posts in Спорт »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала








