Екипата на средното медицинско училиште во голем фудбал од Битола ќе учествува на Гимназијата која ќе се одржи во Тетово од 10 до 12 мај, откако во Регионалното финале ја победи екипата на “Р. Ристевски Ричко“ од Прилеп, со резултат 4:2.
Претходно во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола ги одржа и натпреварите во голем фудбал за средните битолски училишта кои се одиграа на стадионот со пластична трева во Битола “Павел Шатев“.
Во Битола покрај средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ кое е првопласирано, на второ место е екипата на Економско “Јане Сандански“, на трето местое Горната Гимназија, а на четврто место е екипата на Техничкото училиште.