Металург – Пелистер 34:24 (16:16)
Екипата на Пелистер е поразена во третото коло од плеј-офот на гостувањето во Скопје, од екипата на Металург, со десет гола разлика, која е направена во завршницата на натпреварот.
Инаку, “пелистерци“ поведоа на стартот на натпреварот, а во 10. минута беше 5:5, а потоа повторно водство преку Орјоникидзе за првпат дојде до +2 (5:7) во 14. минута, а потоа и +3 (6:9), а по домашниот тајм-аут Пелистер стигна и до +4 (8:12). Кузмановски со неговите голови до 20. минута дојде на 11:12, а полувремето заврши 16:16.
Вториот дел започна со за 16:18 за Пелистер, а следуваше 19:19, и водство на Металург 20-19. По 22:22 се одлучи напреварот по неколкуте грешки на Пелистер “металурзите“ дојдоа до 25:22, па до 27:23 и до конечни 34:24.
Најдобар стрелец кај Пелистер беше Орјонкидзе со шест и Чуриќ и Чантурија по четири гола.
Во понеделник Пелистер е домаќин на Вардар.