Press "Enter" to skip to content

22. по ред Фестивалот на Монодрамата посветен на нашите актери (фото)

На 22 јуни, ќе светнат сцените на Центарот за култура во Битола, Битолскиот Народен Театар, Бифе сцената и Сцената во Пациото при Завод и Музеј во Битола, и зад отворени врати ќе биде пречекана верната театарска публика на овогодинешното 22-го по ред издание на Фестивалот на Монодрама кој до 27 јуни ќе се одржува во Битола.-Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи, после минатогодишната пауза во која се најдоа сите настани од културата. И успеавме, ќе му се радуваме на фестивалот како на најголем театарски празник, бидејќи низ годините наназад не се забележал толку голем број на македонски монодрами колку што се случија оваа година. Затоа овогодинешниот фестивал, го посветуваме на нашите актери, на нивната работа, и нивните креации, кои во фестивалските денови, ќе го оживеат театaрскиот свет, истакна директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски пред новинарите.

Помина една комплицирана година во која театарските врати беа затворени, но овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди, како што го пронајде преку продукции на проекти кои се монодрами.-Интересно е дека времето на пандемијата, монодрамата како театарска форма не можеше да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И да имаме навистина во време на пандемија и продукција. Така, со одлука на Фестивалскиот совет како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани да настапат. Ваква година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. 10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се се уште проблематични, а и е добра поддршка за домашната театарска продуција“ – изјави актерот Петар Мирчевски кој е воедно и селектор на Фестивалот.

Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски режисер од Битолскиот театар. Ќе се доделат награди за најдобар акатер, најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30.000 денари.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »