Press "Enter" to skip to content

Реми на Топ гол со Истатов во натпревар со неколку пресврти и осум постигнати гола

Топ гол – Истатов 4:4 (1:3)

На популарното “Ќумурно“ игралиште во Битола сениорките на ЖФК Топ гол Битола во рамките на 16 коло од ПФЛ-жени одиграа нарешено со актуелниот шампион екипата на ЖФК Истатов од Дојран 4:4, полувреме 1:3.

Натпреварот беше крајно возбудлив и фер, а публиката која беше присутна уживаа во пресврти и осум постигнати голови, за на крај двете екипи да поделат по еден бод, а ако победеше било која екипа немаше да биде незаслужено, гостите по водството од 1:3, а домашните фудбалерки по водстото од 4:3, и “стативата“ во 90 минута.

Головите за Топ гол ги постигнаа :Гелевска, Петровска Т, Ристевска и Гоцевска, а за гостинската екипа: Чонева, Белситојаноска и Боглева со два погодоци.

-Ваков наптревар е вистинско уживање во женски фудбал. Резултатот го отворивме уште во првата фаза на натпреварот, а претходно имавме и шанса за гол. Во следниот период на наше невнимание поискусната екипа успеа на направи водство од со два гола разлика и на полувреме имавме негатива од два гола. На стартот од второто полувреме направив тројна измена која внесе свежина и вроди со плод и успевме да изедначиме и поведеме со резултат 4:3. Во финишот на натпреварот по голманска грешка гостите го постигнаа изеднувачкиот гол. Жалиме и за пропуштенета шанса за гол во 90 мин кога Горгиоска ја погоди стативата на противничкиот гол. Сепак сум задоволен зошто покажавме карактер и цврстина кога е потребно но сепак младоста и недоволното искуството го плаќаме резултатски, изјави тренерот на Топ гол, Кире Грбевски.

За Топ гол настапија : Колевска, Крбалевска, Нешковска, Јанковска, А. Петровска, Ѓоргиоска, Т. Петровска, Гелевска, Гоцевска, Талевска, Миленскова.

Уште играа: Ристевска, Размовска, Јанковска.