Press "Enter" to skip to content

Вардар вчера со Кил, денес со Пелистер во “Младост“

Денес во спортската сала “Младост“ во Битола ќе се одигра натпреварот од плеј-офот од Машката супер ракометна лига помеѓу екипите на Пелистер и Вардар.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала “Младост“ во Битола, со почеток во 18,30 часот.

Со оглед на тоа со каков квалитет располагаат двете екипи овој натпревар ќе биде прилика битолските љубители во живо да го гледаат европскиот првак Вардар кој е и учесник во овогодинашниот Ф4 од лигата на Шампиони во ракомет.