Press "Enter" to skip to content

Битолските билдери Борче и Горан, преку Софија во Шпанија на Европско

Двајцата битолски билдери Борче Стојановски, апсолутен првак и победник во категорија +91 килограм и Горан Тромбев победник во јуниорска конкуренција до 23 години, денес отпатуваа за Шпанија, каде ќе се обидат во силна конкуренција да им се наметнат на судиите и да дојдат до пласман на Европското првенство кое започнува на 2 мај.

Двајцата отпатуваа за Шпанија, преку Софија, а пред триесетина минути пред полетувањето на авионот од аеродромот во Софија, преку вибер-комунукација двајцата беа расположени иако се наоѓаат на посебен режим на храна и тренинзи.

-Одиме на непознат терен кај непознат противник, но и тие нас не не знаат, па може да ги изненадиме, се шегуваа двајцата. Но, смеата на страна ќе биде тешко ќе има околу 1.500 билдери од цела Европа, секој пласман во врвот на нашите категории ќе биде успех за нас, вели Борче Стојановски, а Горан Тромбев додава:

-Прво морам да кажам дека за двајцата е успех што сме во дресот на македонската боди-билдинг федерација и тоа што сме во добра форма. Патот пред натпревар ќе биде дополнителен товар за нас во оваа фаза на завршни подготовки, но од тоа нема бегање, ќе издржиме и ќе се обидеме да покажеме одлична форма, а за пласманот ќе видиме на самото место кога ќе ги видиме противниците, односно нивната форма.

Покрај битолчаните Стојановски и Тромбев за македонската репрезентација ќе настапи е Гоце Мојсоски од Охрид, а со нив во Шпанија патува и претседателот на боди-билдинг федерацијата на Македонија, Бобан Ѓоровски.

С.Р.