Пелистер – Вардар 28:43 (14:22)
По пласманот во Ф4 од Лигата на шампионите екипата на Вардар десеткована пристигна во Битола само на дел по големиот успех и лесно дојде до победа над Пелистер во натпревар кој имаше повеќе ревијален карактер отколку натпреварувачки со оглед на разликата во квалитет кој ја имаат двете екипи.
Натпреварот започна со честитка од екипата на Пелистер за пласманот на Вардар во Ф4, а екипата на Пелистер на Вардар му подари икона со ликот на заштитникот на Битола, Свети Нектариј.
Натпреварот започна како и се очекуваше со голема надмоќ на екипата на Вардар кои рутински дојдоа до победа од 43.28 во рамките на третото коло од плеј-офот.
Вардар сериозно влегоа во натпреварот, а Петрески повика тајм-аут при 2:7, за потоа да биде 5:11, а на одмор да се замине со 14:22.
Истата игра се повтори и во второто полувреме па така лесно Варда остана единствен со максимален ефект, а “пелистерци“ со четири порази.
По натпреварот тренерот на Пелистер Томче Петрески рече:
-Не очекувавме резултат против Вардар, туку чисто сакавме да одиграме максимално и да ги поправиме нашите грешки. Ни недостасуваат доста работи, како во одбрана, така и во нападот и во полуконтрата. Имаме недостастоци во секој дел од играта. Се надевам дека понатаму ќе ги отстраниме и ќе почнеме да играме како што треба. Се надевам дека исто така во тимот ќе ни се врати и Орјоканидѕе кој е повреден. За нас најважните натпревари следат во понатамошниот дел, а тоа се домашните средби со Охрид, Еурофарм Работник и Пролет.






