Она што го најави Управата на Пелистер дека по секој натпревар гостинската екипа ќе биде гостин во клубските простории се случи по натпреварот со екипата на Вардар.
Целокупната екипа на Вардар, ракометари, тренери и управа која беше заедно со екипата по натпреварот беа во клубските простории каде ги пречекаа дел од Управата на клубот, спортскиот директор Златко Димитровски, генералниот директор Сашо Шамбевски, техничкиот директор Борче Корлевски, сите ракометари и други ракометни работници.
Златко Димитровски на тренерскиот тандем на Вардар предводен од Раул Гонзалес му подари пропаганден материјал за да се сеќаваат на престојот во Битола.
Димитровски им ја објасни на Гонзалес и дел од “вардарци“ историјата на ракометот во Битола, посебно на Пелистер.






