Викендов, КГС Партизан од Битола беше организатор и домаќин на Државен натпревар во спортска гимнастика, на кој учество зедоа натпреварувачи од А лига во женска и машка конкуренција во категориите: помлади пионери/ки, постари пионери/ки, јуниори/ки, сениори/ки.
На државниот натпревар учествуваа 6 клубови од државата и тоа: КГС Партизан – Битола, Соколи – Прилеп, Орце Николов – Скопје , КГС – Кочани, Атлета – Куманово, КГС – Партизан Ѓорче Петров – Скопје.
Битолските гимнастичари/ки покажаа висока подготвеност и ги освоија следните места:
1. Ева Чулаковска – помлади пионерки, 2 место
2. Димитра Велјанова – помлади пионерки, 3 место
3. Леона Сара Палсдотир – јуниорки, 1 место
4. Марија Јовановска – сениорки, 1 место
5. Ана Пејчиновска – сениорки, 3 место
6. Стојанче Дамчевски – постари пионери, 1 место
7. Марко Димовски – јуниори, 2 место
8. Иван Крстевски – сениори, 1 место

Осум медали за гимнастичарите од Битола на државното “А“ првенство (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









