-Ликовната колинија “Де Ниро“ од Битола, која заслужено ги носи епитетите, реномирана, призната, меѓународна, пред 10 години го одржа своето 7. издание, а во 2011 година собра врвни ликовни уметници од целиот свет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
7. издание на колонијата “Де Ниро“ беше затворено со изложба на на која беа поставени триесет експонати од вкупно 18 автори учесници на колонијата, а во рамки на изложбата беше одржан омаж во чест на покојниот и почесен член и учесник на четвртата по ред колонија, ликовен уметник со светско реноме Милорад – Бата Михајлович, за чии дела
пред присутните говореше Глигор Чемерски, додава Миновски.
Дека ликовната колонија “Де Ниро“ не случајно некои од гостите ја нарекуваа битолски културен бренд, зборува и фактот дека неуморниот Драги Филевски и неговата сопруга Силвана, основачи на Колонијата и нејзини поддржувачи, не останува само на ликовниот дел, туку организираа и други пропратни настани, со цел збогатување на содржините.
-На затворањеро во 2011 година, во пицеријата “Де Ниро“ се одржа камерна изложба
на уметникот од Виетнам, Нгуен Кан Тоан. Претходно во Битола беше организирана тркалезна маса на која се говореше за важноста и суштината од појавата до денес на ликовните колонии во Македонија и пошироко, како место за дружење и творење на ликовните уметници. Гостите го посетија Охрид, Крушево, Курбиново, се дружеа во Потпелистерието, вели Миновски.
Инаку, да потсетиме на Колонијата во 2011 година активно учество зедоа 21 уметник од 8 земји. Покрај од Македонија учествуваа уметници од Англија, Германија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Виетнам, а ликовните уметници го збогатија фондот на “Де Ниро“ со педесетина нови ликовни дела.

Деновиве пред 10 години: ликовната колонија “Де Ниро“ културен бренд на Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










