Деновиве во тек се екипни првенства на Македонија во машка и женска конкуренција, на кои се натпреваруваат и шахистите на трите битолски клубови “Стево Патако“, “4-ти Ноември“ и “Шах – шех“ од Битола.
Битолчани, во Охрид, во хотелот “Метропол“ каде се оджуваат екипните првенства ќе настапат со екипи во двете конкуренции, а натпреварите ќе траат до 7 јуни, кога и ќе знаат победниците и другите пласмани.
-Во Охрид на државното првенство сме присутни со две екипи во машка и женска конкуренција од “Стево Патако“, а за прв пат Битола има три екипи во машка конкуренција. Натпреварите се во тек, а започнаа вчера, а ние се надеваме на добри партии, добри игри од сите, и секако добар пласман, ни рече Сашко Павловски, претседател на ШК “Стево Патако“.










