Пелистер – Фени Индустри 80:76
Пелистер денес во “Младост“ го победи и лидерот на плеј-аут табелата и иако се наоѓа во плеј-аут групата по се изгледа ќе биде најпријатното изненадување на кошаркарската лига на Македонија оваа пролет.
Во рамките на 9. коло од плеј-аут лигата избраниците на Зораб Петковски ја победија и Фени Индустри, а победата е извојувана најповеќе во последната четвртина од натпреварот која битолчани ја добија со 29:11. Во оваа четвртина најдобар беше американскиот плејмејкер Луис кој на постигна оваа средба 32 коша.
Инаки првите две четвртини поминаа со предност на гостите кои на крајот на првата имаа преност од 12:21, а на одмор се отиде со 31:40.
Покрај Луис со 32, капитенот Анакиевски постигна со 21 поен.
Во следното коло Пелистер ќе ја пречека Струмица.






