Press "Enter" to skip to content

Битолскиот билдер Горан Тромбев шести на Европското во Шпанија

Битолчанецот Горан Тромбев е шестопласиран на Европското првенство во боди-билдинг кое се одржува во Шпанија, во градот Санта Марија, кое е во организација на Европската боди-билдинг федерација, EBFF.

Тромбев ги започна натпреварите денес во квалификациите во јуниорска конкуренција до 75 килограми, по што избори пласман во финалето.Во финалето со одлука на судиите го освои шестото местото што е голем успех за него и за македонската боди-билдинг федерација со оглед на бројот на билдери од цела Европа.

Горан Тромбев е член на битолскиот боди-билдинг Фит-Алфа и по победата во Купот на Македонија се стекна со право за учество на Европското првенство во Шпанија, во Санта Сузана.

Со него е и битолчанецот Борче Стојановски и охриѓанецот Гоце Мојсовски за кој вели Горан дека имаат голем продонес во пласманот на шестото место како во подготовките таму, така и со поддршката која му ја дадоа во натпреварувањето, односно во комплетната тимска работа, заедно со претседателот на Федерацијата, Бобан Ѓоровски.

Борче Стојановски својот настап пред судиите и публиката ќе го има утре.