По големиот пожар кој беше во 2007 година, во 2011 години се случија неколку пожари кои ги потсетија битолчани на големиот пожар кој беше на работ на градот и можеше да зафати и неколку куќи, а кој однесе и еден човечки живот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Пожари имаше кон крајот на јули на влезот на Битола од страната на Охрид, каде имеше сериозна опасност да се прошири, но поучени од претходниот голем пожар, противпожарните служби реагираа на време, а беа ангажирани и трите канадери, специјализирани авиони за гаснење пожар, вели Миновски.
Авионите вода полнеа од Стежевското езеро, а потоа со голема брзина се враќаа и гаснеа над сегашната безнинска пумпа на “Лук Оил“, околу шумскиот пат кој води кон Снегово.
-По некое време имаше и нов пожар во потпелистерието, а најмногу штета имаше во атарот на село Ротино, има запишано Миновски во својот новинарски бележник, а додава:
-За среќа на сите нас од тогаш се немаат случено толку големи пожари, а секако тоа се должи на работата на институциите, но секако и поради поголемата свест на битолчани, за опасносносите од пожарите и последиците од нив.

Деновиве пред 10 години: пожари околу Битола, гаснеа и три канадери
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола









