Продолжуваме со преставување на новите засолувања на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кои ќе ги гледаме на теренот во Битола, а денес н ред е левиот бек Немања Обрадовиќ, кој има 32 години и во Битола доаѓа по настапите во Полска, белорусија и Хрватска.
Обрадовиќ, кој е роден во Белград, Србија исто како и кубанксото засилување вели дека знае дека доаѓа во амбициозен клуб, а нагласи и дека го следел развојот на битолчани во последните неколку години и вели:
-Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари, кој додава дека навивачите може да бидат пресудни во некои натпревари кога се “крши“ резултатот:
-Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас.










